Утрински Весник
Македонија

Студентите најавуваат нови протести и радикализација во одбрана на своите права

Студентите најавуваат нови протести и радикализација во одбрана на своите права

Мон преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права, велат од Студентски отпор.

dobivaj vesti na viber

„Веќе влегуваме во третиот месец од новата година а МОН нема ниту едно ветување исполнето односно:
Постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк. Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за Јануари“, се додава од страна на оваа студентско движење.

Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија, како што додаваат од таму, немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март.

„Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк.
Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната и нема никаков рок кога би требало да заврши, од МОН велат 2025та, можеби во исто време со зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и ФИНКИ.
Преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март“, се потенцира во напишаното.

Најнова информација од МОН, како што појаснуваат од „Студентски отпор“ е дека до 15 Март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени.

„Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор.
Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 Март да го запостави, па во таа насока најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град“, истакнуваат студентите.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“