Утрински Весник
Свет

Путин: Гасоводот не го кренале во воздух Украинците, тоа е целосна глупост

Путин: Гасоводот не го кренале во воздух Украинците, тоа е целосна глупост
300x250 (7)

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека тврдењата за вмешаност на украински активисти во експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 се целосна глупост.

dobivaj vesti na viber

„Експлозија на таква моќ, на таква длабочина, можат да изведат само експерти кои зад себе ја имаат целата моќ на држава која има одредени технологии“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“, пренесува Индекс.

300x250 (7)

Тој посочи дека на Русија и е тешко да ја спроведе својата истрага, бидејќи нејзините стручни тимови не смеат да ги истражуваат местата на експлозијата.

„Фактот дека се работи за терористички напад веќе за никого не е тајна и мислам дека сите веќе го препознаа. Уште повеќе, терористичкиот напад беше јасно извршен на државно ниво“, рече Путин.

Путин изјави дека експертите на Гаспром пронашле „столб“ на оддалеченост од околу 30 километри од местото на експлозијата.

„Нашите експерти веруваат дека тоа би можело да биде антена за примање сигнал за активирање на експлозивна направа, што може да биде, не велам дека е, но може да биде поставено под гасоводот“, рече Путин.

Тој додаде дека Соединетите Американски Држави се теоретски заинтересирани за вакви инциденти, за да ја снабдуваат Европа со својот течен гас,пренесе Денес.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња

Три лица се повредени во напад со нож во средно училиште во Велс