Утрински Весник
Македонија

Студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Vreme 1.webp.webp

Наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а во текот на денот од 0 до 13 степени.

Во Скопје, по ведрото и студено утро, ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 4 степени наутро до 11 во текот на денот.


За утре од УХМР прогнозираат слично време. Наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура утре ќе биде минус 7 Целзиусови степени, а максималната 16 степени.

Можете да прочитате

Коцевски: Од Бугарија стигна одговорот за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ

АА со свои кандидати на локалните избори – Таравари го отфрли ултиматумот од Вреди

За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот!