Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Двегодишниот извештај на Собранието ја потврдува посветеноста на промените и развојот

45a00642 4e2b 4b68 a7ee 4df72d5eee69 scaled.jpeg

Собранието на Република Северна Македонија, под раководство на претседателот Африм Гаши, во изминатите две години постигна значајни резултати во унапредувањето на законодавството и зајакнувањето на институционалното функционирање.

Во двегодишниот извештај што г. Гаши го презентираше пред сопретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, беа истакнати дел од најзначајните закони и реформи, меѓу кои Законот за Медресата, Законот за поддршка на инвестициите, Законот за правична и соодветна застапеност, Колективните договори за универзитетите како и реформите во високото образование. Исто така, беше истакнато дека во собраниска процедура се наоѓаат и низа закони од реформската агенда.


ВЛЕН оценува дека овие достигнувања претставуваат потврда за посветеноста кон унапредување на правата на граѓаните, поттикнување на економскиот развој и градење поефикасни и пофункционални институции во служба на сите граѓани.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол