Утрински Весник
Економија

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни

Whatsapp image 2026 06 11 at 15.44.55 scaled.jpeg

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика сите компании кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат условите предвидени со Законот за финансиска поддршка на инвестиции да ја искористат можноста за државна поддршка и навремено да поднесат барање до Министерството за економија и труд.

Министерот потсети дека рокот за поднесување на барањата е продолжен до 15 јуни и ги охрабри компаниите да ја искористат оваа можност за дополнителна поддршка на нивните развојни планови.


„Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги поддржува компаниите што инвестираат, отвораат нови работни места и ја зголемуваат својата конкурентност. Ги повикувам сите компании кои имаат реализирано инвестиции и ги исполнуваат условите да аплицираат најдоцна до 15 јуни и да ја искористат поддршката што им стои на располагање. Особено ме радува што успешни компании од Општина Чаир, како ONE Cable, Pikasa, Koral Group и MSA Company, и во претходните години успешно ги користеле мерките од Законот и преку нови инвестиции придонеле за развој на локалната и националната економија”, изјави министерот Дурмиши.

Можете да прочитате

Парите што Владата ги позајми од М-Нав ќе се користат за плаќање кинески кредити

СДСМ: ВМРО-ОКГ се фали со туѓи резултати, а економијата тоне

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!