Утрински Весник
Македонија

Студен бран во Македонија: Во деновите од викендот студено време и поројни врнежи

Images 14.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2).

На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла во одделни котлини.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и снег, кои повремено ќе бидат пообилни. На околните планини врнежите ќе бидат од снег.

Можете да прочитате

Левица со предлог закон да нема отказ при бременост

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов