Утрински Весник
Македонија

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола

Liseni od sloboda dve lica vo skopje vo vozilo pronajdeni okolu 90 pratki stoka bez soodvetna dokumentacija vozacot upravuval bez vozacka dozvola image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


Можете да прочитате

Родители се степале откако дете било удрено со пластично шише

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

Охриѓанка приведена, ја нападнала 72-годишната свекрва