Утрински Весник
Македонија

Во Собранието нова интерпелација за Тошковски

Pance toskovski.png

Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“.

Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; незаконит претрес кај директорка на училиште во Демир Хисар; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза, како и за непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила.


Министерот го таварат и за „судир на интереси и бизнис шеми како поранешен адвокат на урбаната мафија“; саботирање на постапките и злонамерна несоработка со ОЈО ГОКК со цел заштита на политички моќници и коалициски партнери на власта; некзнет криминал на „белите јаки“; запрена постапка за милионскиот криминал со канцероген мазут;…

-Јавноста е сведок на низа контравесерзии поврзани со селективно постапување на полицијата, непостапување по пријави за организиран криминал и урбана мафија, политички мотивирани акции, прекумерна употреба на полициско овластување, безбедносни пропусти, неефикасност во спречување и расчистување на тешки кривични дела, сомнежи за привилегиран третман на високи функционери, нарушување на човековите права и слободата на изразување, како и сериозни институционални слабости во справувањето со корупцијата и организираниот криминал, велат предлагачите. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба само за да дојде до власт

СДСМ: Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев

Миноски: Богатството се создава со производство и извоз, а не со трошење