Утрински Весник
Свет

Страшна драма на аеродром во Иран: Механичар бил вовлечен во моторот на авион

Screenshot 2024 07 09 141922.jpg

Непријатен настан се случил на меѓународниот аеродром Чар Бахар, на југот на Иран, во Оманскиот залив, кога механичар бил вовлечен во моторот на авионот кој работел за време на одржување.

Авионот „Боинг 737-500“ на иранската домашна компанија „Вареш ерлајнс“ пристигнал според планираното од иранската престолнина Техеран рано наутро во 7 часот и 15 минути и безбедно слетал во Чар Бахар. Откако сите патници и членови на екипажот се симнале, механичарот Аболфазл Амири почнал да работи на рутинското одржување.

Иако околу моторот секогаш има безбедносен простор за заштита на луѓето од несреќи, Аболофазл Амири поминал низ него бидејќи ги заборавил алатите на моторот. Во тој момент го вшмукал моторот.

Механичарот немал шанса да побегне од моторот што работел а работите да бидат уште полоши, избувнал и пожар.

Иако противпожарната бригада на аеродромот брзо се нашла на местото на несреќата и го изгаснала пожарот, спасувачите успеале да ги извлечат само остатоците од мажот, пренесува „Билд“.

Иранските воздухопловни власти наредија истрага за несреќата.

Слични несреќи се случија на аеродромите во САД и во Холандија. Во мај, на аеродромот Шипхол во Амстердам, еден човек беше вшмукан во турбината кога авионото беше подготвен за лет за Билунд, Данска. Сепак, истрагата неколку дена подоцна откри дека вработениот на аеродромот извршил самоубиство.

Во 2023 година, мајка на три деца Кортни Едвардс беше фатена во мотор на регионалниот аеродром Монтгомери во САД затоа што премногу се доближила до авионот. Таа починала на местото на несреќата.

Можете да прочитате

Фон Дер Лајен повторно избрана за претседателка на Европската комисија

Италијанска новинарка мора да и плати на Мелони 5.000 евра поради исмевање на нејзината висина

Властите во Парагвај открија повеќе од четири тони кокаин скриени во пратка шеќер