Утрински Весник
Македонија

Позната причината зошто автобусот на ЈСП се качил на жардиниера

Avtobus Kaj Mavrovka2 1024x768 1.jpg

Причината за тоа што автобусот со број „2“ да заврши качен на жардиниерата кај Мавровка е блокиран односно закочен волан, и притоа беа повредени возачот и една патничка. Возачот Ферзи Арифи кој го возел автобусот вели дека раководството на ЈСП постојано им дава неисправни автобуси. Возачите редовно пријавуваат дефекти но наместо да идат на поправка неисправните автобуси им се даваат на други возачи и се распределуваат во други линии.

Конфедерацијата на синдикати со обвинување до раководството на ЈСП за инцидентот кај Мавровка поради нередовен сервис на автобусите. Како што велат од таму на овој начин се доведуваат во опасност вработените нои патниците. Конкретниот автобус бил пријавен за неисправен, а пред неколку дена возел и на Водно.

“Инцидентот вчера се се случи бидејќи не бил исправен воланот, се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за други се пријавувало дека се неисправни, но не се сервисираат. Замислете, овој автобус пред неколку дена возел до Водно“, рече претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески.

Новиот директор на ЈСП Драги Кушовски, ги обвини за ширење шпекулации, ги демантира овие тврдења и потоа побара да приложат извештај во кој пишува дека автобусот е неисправен.

Можете да прочитате

Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори” и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора

Ова е телефонскиот број на кој може да му се јавите на министерот Таравари

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани