Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Кога Алијансата ќе вети уставни измени без да го праша народот, тоа се вика лажење

(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Зечевиќ да одговорат дали Зарко Милошевски направил погрешна проценка за Диво Насеље?
300x250 (7)

Кога Алијансата за Албанците ќе вети уставни измени без да го праша народот, тоа се вика лажење. Исто така, лажење е кога Таравари ќе стане градоначалник на Гостивар со гласови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе трча да влезе во влада на ДУИ/СДС, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.

dobivaj vesti na viber

„Таравари лаже и кога вели дека меѓународен фактор барал од него да влезе во влада, а кога ќе го прашате кој е тој фактор, Таравари ќе избегне одговор. Не затоа што постои таков фактор што тоа го бара од него, туку затоа што согласно интересите на Таравари решил да биде спаринг партнер на Ковачевски и Ахмети, со лажење политика не се води“, нагласи Стоилковски.

Ss1

Коментирајќи го повикот на Ковачевски за единствено кон членството во ЕУ, Стоилковски изјави дека премиерот не е во единство за ЕУ, туку единствено се занимава со криминал и корупција по налог на ДУИ и повика Ковачевски да се посвети на граѓаните и европската иднина.

„Димитар Ковачевски не е во единство за ЕУ, Ковачевски единствено се занимава со криминал и корупција по налог на ДУИ. Наместо европска има криминална агенда. Ковачевски е слуга на Ахмети, наместо да слугува на интересите на граѓаните. Го повикуваме да престане со слугување на криминалот и корупцијата. Го повикуваме вистински да се покаже, доколку тоа го сака, наместо посветеност кон криминал и предавства, Ковачевски да се посвети на вистински дела за граѓаните“, додаде Стоилковски.

Ss1

Можете да прочитате

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за вториот круг на претседателските избори