Утрински Весник
Магазин

Шон Мендес, наводно, во врска со 27 години постара жена

Шон Мендес, наводно, во врска со 27 години постара жена
Ss2

Пејачот Шон Мендес е фотографиран со познатата киропрактичарка Џозелин Миранда на влезот од неговата куќа во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Долго време се шпекулира дека Мендес (24) и Миранда (51) се во врска, а овие фотографии само ги подгреваат шпекулациите.

300x250 (7)

Повеќето таблоиди дознаваат дека Миранда донела работи за да преноќи кај Шон.

Пејачот и докторката беа забележани како влегуваат во неговата куќа во Западен Холивуд, Калифорнија, во неделата.

Шпекулациите за тајна романса почнаа да кружат неодамна, откако беа забележани заедно на ручек во неколку наврати.

Џозелин со години е негов киропрактик и доктор додека е на турнеи, концерти и настапи. И покрај тоа што често се заедно, тие не ја потврдиле врската.

Поради својата специјализација за биомеханика и биодинамика, Миранда е многу позната меѓу американските пејачи, актери и спортисти, а нејзините медицински услуги ги користеле Џастин и Хејли Бибер, Кендал Џенер, Џастин Тимберлејк, Омар Аполо, Блејк Грифин.

Таа била официјален доктор на летната кошаркарска лига Big Three Summer Basketball.

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат