Утрински Весник
Спорт

Стојковиќ: Имавме проблеми во одбраната, планираме да одиме и на ЕВРО 2024

Стојковиќ: Имавме проблеми во одбраната, планираме да одиме и на ЕВРО 2024
Ss2

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ, потврди дека ги планира претстојните квалификации за Европското првенство во 2024 година и демантираше дека неговата иднина на клупата на селекцијата е неизвесна.

dobivaj vesti na viber

„И честитам на Швајцарија за заслужената победа. Сигурно не сме задоволни од резултатот, што е нормално, но со оглед на проблемите што ги имавме од доаѓањето на СП, земајќи ја предвид физичката подготвеност, поточно повредите на клучните играчи… Направивме се за да ги вратиме, да бидеме на услуга на тимот, но тоа ни беше голем проблем. Момците одиграа колку што можеа, дадоа се од себе, но за ова ниво на натпреварување тоа не е доволно. Сепак, има легитимни причини зошто е тоа така и не можам да барам повеќе од нив“, изјави на прес-конференцијата, Драган Стојковиќ.

300x250 (7)

Тој веднаш се сврте кон следните предизвици со националниот тим на Србија.

„Во март веќе ги почнуваме квалификациите за ЕП и имаме голема желба да се пласираме на тоа натпреварување по 24 години. Секако дека ќе бидам многу посреќен доколку моите играчи се здрави и во добра форма“, истакна Пикси.

Стојковиќ откри и што се случувало во соблекувалната на Србија по елиминацијата.

„Треба да бидете достоинствени и во успесите и во поразите. Имавме период од година и пол успех, сега дојде падот… Што правев во соблекувалната? На сите им подадов рака и им кажав дека мораме да бидеме одлични и кога не ни оди. Сосема мирна атмосфера. Повторувам момците во состојбата во која се дадоа максимум. Капа долу на некои од нив, многумина не би се осмелиле да излезат и да играат во таква состојба. Имавме проблеми во одбраната, но тоа е сега за подлабока анализа. На крајот на краиштата, ова е Светско првенство и тука навистина треба да ги имате сите играчи целосно здрави, во врвна форма и во иста здравствена состојба како што беа во квалификациите“, анализираше селекторот на Србија.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал