Утрински Весник
Македонија

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово

20241009214111 Big 730x400 11.webp.webp

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе биде домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ. Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.

На крајот на јули годинава, Тошковски и Дачиќ се сретнаа во Белград и разговараа за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи.

– По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

Можете да прочитате

Ученичко насилство со нож ја потресе Македонија – обвинителството отвори постапка

Трипуновски: Потребно е целосно расветлување на случајот со распределбата на финансиски средства, станува збор за над 800.000 евра

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка