Утрински Весник
Македонија

РСБСП со кампањи „Безбедно на велосипед“ и „Безбедно на електричен тротинет“

20260508095434 big 730x400 58.webp.webp

Со растечкиот број на корисници на велосипеди и електрични тротинети како превозни средства, потребата од поголема свест и внимателност во сообраќајот е сè поизразена. Користењето на овие превозни средства во сообраќајот, особено во урбаните средини, носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места, загаденоста, итн. но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од овие причини, а со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и потсетување на правилата и прописите кои го регулираат сообраќајот за овие категории на учесници во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува со реализација на превентивни кампањи за зголемување на безбедноста на возачите на велосипеди и електрични тротинети, „Безбедно на велосипед “ и „Безбедно на електричен тротинет“.

Целта на кампањите е потсетување на сите учесници во сообраќајот на важноста од почитување на правилата и меѓусебна толеранција, при што ќе бидат опфатени најчестите ризици со кои се соочуваат возачите на велосипеди и електрични тротинети, ќе бидат упатени конкретни совети за безбедно учество во сообраќајот, а како крајна цел ќе биде поттикување култура на заедничка одговорност меѓу сите учесници во сообраќајот.

Преку едукативни видеа, теренски активности и соработка со Министерството за внатрешни работи, локалните самоуправи, училиштата и граѓанските организации, кампањата ќе придонесе за подобра информираност и заштита на овие најранливи групи на учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет потсетува дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност и апелира до возачите на автомобили да бидат внимателни и да им отстапуваат доволно простор на велосипедистите и корисниците на електрични тротинети, а до нив — секогаш да користат заштитна опрема, да не се движат по површини кои не се наменети за тој вид на сообраќај и да ги почитуваат сите сообраќајни правила.

Со заеднички ангажман, градиме побезбедна и поодговорна сообраќајна култура за сите.

#ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен!

Можете да прочитате

ИЈЗ: Ја следиме состојбата со хантавирусот, во моментов нема регистрирани случаи

Претреси во Кичево и кичевско, пронајдени пушки и куршуми, приведено едно лице

„Наше Скопје, наша одговорност“ – започна најмасовната еко-акција на Балканот, GENERALKA WEEKEND