Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Агон Ферати со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс

Ferati nicole varns 4.jpeg

Министерот Агон Ферати, денеска оствари средба со в.д. амбасадорката на САД Никол Варнс.

Средбата се одржа во важен момент за Министерството, во период кога се работи на Годишниот план, како и на процесот на реструктуирање и модернизирање на институцијата.

На средбата се разговараше и за концептот „25 години и понатаму”, во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Концептот има за цел да отвори нова визија за иднината на соживотот, инклузивноста и градењето доверба меѓу заедниците.

Министерот истакна дека целта на Министерството е јасна: изградба на функционална, инклузивна институција, која ќе биде поблиска до граѓаните.

„Нашата цел е да создадеме институција која ќе биде пофункционална, поотворена и поодговорна кон граѓаните. Охридскиот договор останува важна основа за мир, стабилност и инклузивност, но преку концептот ’25 години и понатаму’ сакаме да отвориме разговор за тоа како оваа вредност да продолжи да се развива и во иднина”, истакна министерот.

На средбата беше нагласено значењето на соработката со Соединетите Американски Држави како стратешки партнер на Северна Македонија, особено во процесите поврзани со демократскиот развој, инклузивните институции, довербата меѓу заедниците и евроатлантската перспектива на земјата.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори