Утрински Весник
Македонија

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Univerzitetot goce delchev vo shtip m.jpg

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на службени лица – вработени во Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.


Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за ,,Е-Индекс”, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Момчето ја убил 17годишната девојка а потоа сам си пресудил – детали за трагедијата кај Богданци