Утрински Весник
Магазин

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите

Japonija.jpg

Владата на Токио донесе одлука вработените во компаниите да се облекуваат поудобно поради екстремните горештини. Ваквите мерки отворија широка дебата меѓу службеничките.

„Во април гувернерката на Токио, Јурико Коике ја претстави иницијативата „Токио, супер бизнис“ („Tokyo Cool Biz“), но по три месеци таа се носи со големи критики“, пренесе Би-би-си.

– Одлуката за носење кратки пантолони е одлична, но и малку неправедна кон нас кои мораме да носиме хулакопки и покрај горештините. Меѓу другото, навистина е непријатно да ги гледаме влакнестите нозе на нашите колеги, изјавија дел од жените.

„Сакаме да им дадеме на луѓето повеќе можности за време на големите горештини, а не да им кажуваме што да облечат. Не би требало да има проблем сè додека облеката на работното место никого не навредува“, изјави Нобору Ватанабе, службеник на Владата на Токио, за Би-би-си.

Дури 53,5 проценти од испитаниците се против носењето кратки панталони на работното место во текот на летото, додека останатите ја поддржуваат новата препорака, покажало истражувањето спроведено минатиот месец за клиниката „Горила“ („Gorilla Clinic). Во последните неколку години, се забележува порелаксирано облекување на Јапонците на работното место, особено кај вработените во стартап-компании и технолошкиот сектор. Владата препрача да се почитува новиот начин на облекување.

– Сè повеќе клиенти доаѓаат на третмани поради можноста за носење кратки пантолони, а некои од нив бараат ласерско отстранување на влакната за да не ги навредат колешките, изјави директорот на клиниката, Акифуми Фунацу.

Јапонија во последните месеци се соочува со рекордно високи температури, со над 40 степени. JMA, користејќи го изразот „кокушо-би“, (брутално жежок ден), се обидува да ја подигне јавната свест на народот. 

Можете да прочитате

Пријавете се на првиот натпревар во рачно косење трева во Делчево

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина