Утрински Весник
Македонија

Средба Хоџа-Тошниг: Продлабочување на соработката со Австрија во областа на животната средина 

2 1.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција.

Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше презентиран и процесот на воспоставување на современ регионален систем за управување со отпад. Осврнувајќи се зајакнувањето на мрежата на заштитени подрачја, Хоџа посочи дека Австрија има искуство во управување со националните паркови кое може да биде вредно за нашата земја.


Двете страни ја потврдија вредноста на соработката преку инструментите на Европската Унија и го искажаа заедничкиот интерес за продлабочување на партнерството во областа на животната средина. Министерот Хоџа посебно го истакна значењето на Законот за климатска акција, кој е во процес на усвојување и кој ќе воспостави сеопфатна рамка за справување со климатските промени.

Средбата на двајцата министри се одржа во рамки на официјалната посета на Република Австрија на владина делегација предводена од премиерот Мицковски.

Можете да прочитате

Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада

Заврши стечајот за „Еурокомпозит“, македонско-полски инвеститори ја преземаат компанијата – МВР ја укина дозволата за сопствено обезбедување

Три нови синдикални организации во државни институции