Утрински Весник
Македонија

СПРЕМАЈТЕ ГИ КРАТКИТЕ РАКАВИ: За време на викендот ќе го почувствуваме летото, за прв пат оваа година – Се очекуваат температури дури до околу 30 степени!

Gfs 9 150.png
300x250 (7)

Метео анализа на Славчо Попоски:

До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде  и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Ss1

Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот, кога нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка. Тогаш температурите ќ се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени, особено за време на викендот кој доаѓа.

Значи за време на викендот не очекуваат рано – летни температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а времето ќе биде значително постабилно и релативно суво, со многу повеќе сончеви периоди.

Се на се, за време на викендот слободно граѓаните ќе можат да се шетаат по кратки ракави.

Во регионот пак температурите локално ќе надминуваат и 30 степени.

Ss1

Можете да прочитате

Фактор.бг: Има ли заеднички интерес на Белград и Софија за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт?

Претседателот на OK ВМРО-ДПМНЕ Маврово и Ростуше навредувал полицајци на граница, па бил приведен

Американци нападнале полицајци во Кисела Вода