Утрински Весник
Скопје

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот

Jsp.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска ќе сообраќа по неделен возен ред, билетарниците ќе бидат затворени, а жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот.

Првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и на приватните превозници, како што се наведува во соопштението, ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.


Од утре (2 јануари) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Работно време на билетарници и центри за персонализација

Денеска , на 1 јануари билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Од утре (2 јануари) продолжуваат со вообичаено работно време.

Работно време на Жичница

Жичницата денеска ќе работи од 11 до 17 часот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ, мора да има ригорозни санкции

Ѓорѓиевски: Без ниту еден глас против, донесен е буџетот на Град Скопје

Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните