Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Инфраструктурните активности продолжуваат со силно темпо

Rekonstrukcija gddbro 7 scaled.jpg

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска беше во Касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, во увид на градежните активности за целосна реконструкција на објектот на Директоратот за безбедност и разузнавање во рамки на касарната.

При денешната посета, министерот во разговор со вработените посочи дека активно се работи на реализација на зацртаните цели и дека инвестициите кои се прават во делот на инфраструктурата се првенствено за подобрување на условите за работа и престој на вработените во Армијата и министерството.


Во моментов активно се работи на целосно завршување на активностите предвидени со реконструкцијата на овој објект односно се поставуваат нови преградни ѕидови, се поставува целосно нова електричната инсталација, осветлување, се работи на поврзување на противпожарна и громобранска инсталација, се поставува нов вентилациски систем и систем за греење, промена на подна облога и на врати и се извршуваат работни зафати за доработка на санитарните јазли како и довршување на гипсарски, молерофарбарски и фасадерски работи со цел постигнување на енергетска ефикасност на објектот.

Можете да прочитате

Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

35-годишник од Студеничани почина по струен удар

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец