Утрински Весник
Скопје

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

20260917080913 big 730x400 72.webp.webp

Литија по улиците во центарот на Скопје ќе биде одржана денеска во пресрет на утрешниот празник на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица – заштитничката на градот Скопје.

Прославувањето на празникот почнува со вечерна богослужба во 17 часот во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје, по што ќе продолжи со литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.


Утре, на денот на празникот, ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а потоа и света литургија во 09:00 часот.

Братството при храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, ги повикува верниците и сите луѓе со добра волја да учествуваат во торжественото прославување на празникот на Раѓањето на Мајката Божја –  заштитничката на градот Скопје.

Можете да прочитате

Линијата 35 се продолжува до Радишани, директно поврзување на Бутел и Аеродром

ВЕЧЕРВА ФАТЕН НА ДЕЛО ВО КИСЕЛА ВОДА: Фрлал шут и кабаст отпад – веднаш санкциониран

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар