Утрински Весник
Македонија

Советници на СДСМ открија дива депонија во Илинден – наместо расчистување, добија закани од власта

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидати за советници од редовите на СДСМ и Коалицијата денеска наутро алармираа за постоење на дива депонија во с. Миладиновци, општина Илинден, и предупредија дека постои сериозен ризик ситуацијата со загадувањето од Дрисла и Вардариште да се прошири и во овој регион.


Советниците објавија видеа и фотографии на своите профили на социјалните мрежи, а доказите ги доставија и до директорот на Јавното комунално претпријатие во Илинден, Борче Мицановски со барање за итна интервенција. 

Наместо брза реакција, расчистување на депонијата и обезбедување на просторот, директорот на јавното претпријатие, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се заканил на кандидатите за советници дека ќе ги пријави за „намерно потпалување” на депонијата.

Овој скандалозен однос е јасен доказ за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ но и на стравот дека ќе бидат казнети од граѓаните. 

Наместо да ги заштитат граѓаните и нивното здравје, наместо да работат и веднаш да преземат мерки во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со закани и обвинувања некого ќе замолчат или дека ќе побегнат од одговорноста. 

Ниту СДСМ ниту кандидатите за советници нема да молчат, гласно ќе зборуваат за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден и ќе бараат решенија.

Граѓаните на Илинден не заслужуваат нова депонија туку чиста и безбедна животна средина.

Можете да прочитате

Муцунски: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа, да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми

Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство порибено со два тона крап

Невреме и силен ветер ја зафаќаат Македонија: Удари над 70 км/час и можен град