Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против три лица од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и ловечко друштво „Беласица“

Krivicna prijava protiv poranesen gradonacalnik na debrca za nesovesno rabotenje vo sluzbata image.jpg

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(49), З.В.(63) и Б.К.(49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

Првопријавениот,  вработен во ловечко друштво „Беласица“ од Струмица, внесувајќи неточни и нецелосни податоци во официјалните книги за евиденција на издадени дозволи за лов и потврди за потекло на дивеч и делови на дивеч, имал недостатоци во водењето на службените евиденции, кои бил должен да ги води согласно закон.


Второпријавениот,  главен инспектор на Сектор за инспекциски надзор во ловството, и третопријавениот, директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, во име на Државниот инспекторат, а на барање на ловечкото друштво, издале акт во кој спротивно на законската легислатива и донесените правилници и решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, констатирале дека ловечкото друштво „Беласица“ можело да издава дневни дозволи за дива свиња во ловиштето „Тркајна“ за вршење на таканаречен санитарен отстрел на диви свињи, иако тие воопшто немале концесија за тоа ловиште.

Со таквите дејствија тие се обиделе да го оправдаат претходно извршениот незаконит лов од членови на ловечкото друштво „Беласица“, кои претходно под изговор дека вршат пребарување на теренот за пронаоѓање на угинати диви свињи и дека наводно спроведуваат заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај дивите свињи, извршиле незаконски отстрел на дива свиња во ловиштето и при вршењето на контролите во друштвото не ги евидентирале недостатоците во водењето на службените евиденции, со што му овозможиле на првопријавениот несанкционирано да продолжи да работи и да издава дневни дозволи за лов и потврди за потекло на дивечот, без да бидат соодветно евидентирани во книгите за нивна евиденција.

Можете да прочитате

Сулејмани: Националната стратегија поставува нови стандарди за развој на туризмот

Шасивари: Конструктивна средба со известувачите на Венецијанската комисија

Студентите бараат 4.500 денари за оброк веднаш и да останат картичките