Утрински Весник
Магазин

Сопругата на Брус Вилис ги демантира тврдењата дека Деми Мур се преселила кај нив

Сопругата на Брус Вилис ги демантира тврдењата дека Деми Мур се преселила кај нив

Сопругата на холивудскиот актер Брус Вилис, Ема Хеминг, ги демантира шпекулациите дека неговата поранешна сопруга Деми Мур се преселила кај нив за да помогне во грижата за актерот откако му беше дијагностицирана деменција.

dobivaj vesti na viber

Американски шоу-биз медиуми објавија дека Мур (60) помага во грижата за 67-годишната ѕвезда на „Умри машки“, заедно со неговата сегашна сопругата Ема Хеминг Вилис (44) и нивните две мали ќерки, но Хеминг возврати на шпекулациите.

Таа се огласи на „Инстаграм“ во четвртокот: „Ајде да ставиме крај на ова. Толку е глупаво. Ве молам престанете.“

Претставник на Мур изјавил за „Радар“ дека таа не планирала да живее со Брус и Ема, но друг извор тврди дека актерката веќе е со семејството на нејзиниот поранешен сопруг.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 30 Јули 2026 година

Не влегувајте во кавги на 29 јули: Полната Месечина носи период на засилени емоции

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје