Утрински Весник
Македонија

Сообраќајна несреќа меѓу возило и мотоцикл во Скопје, мотоциклистот тешко повреден

Сообраќајна несреќа меѓу возило и мотоцикл во Скопје, мотоциклистот тешко повреден

Вчера, во 11.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Хасан Приштина во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. К. (66) од Скопје, и мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. М. (29) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Времето утре – сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле, ќе интервенират два ер-трактора