Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала до умерена локална облачност

Vreme 8.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Можете да прочитате

М-НАВ прво ја одбил, па следниот ден ја одобрил 7 милионската позајмица

Се гасне пожарот во селата во Општина Студеничани

Мицкоски: Нема дилема дека разговараме со цел да се најде решение за ЕУ процесот, нашата позиција е јасна