Утрински Весник
Македонија

Сончево со северен ветер – 24info.mk

Vreme 2.webp.webp

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.  

Можете да прочитате

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка

Пет случаи на морбили во Македонија – Клековски предупредува на опасност од епидемија

ДОМ: Владата планира дата-центри, а сè уште нема функционална климатска политика!