Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според најавите од Управата з ахдирометеоролошки работи (УХМР), утре претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

Обид за убиство во Милетино

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

Двајца малолетници со закана со нож ограбиле друг малолетник