Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло до 31 степен

Vreme 2.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 степен.


Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степен, а максималната ќе достигне 30 степени.

Времето за време на викендот, како и во понеделник, ќе биде под влијание на влажен бран, променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни со над 30 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер со брзина од над 70 километри на час. 

Од вторник се очекува стабилизација на времето и пораст на дневната температура. 

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди