Утрински Весник
Македонија

Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот просветните работници

Со спојување на предметите во рок од пет години ќе се изгуби едно работно место во две училишта, кажаа на протестот просветните работници
300x250 (7)

Независниот синдикат за образование и НСОН денеска во Скопје одржаа протест,  во интерес на правата на просветните работници и побараа да не се спојуваат наставните предмети и да се почитуваат колективните договори.

dobivaj vesti na viber

Членовите на синдикатот се незадоволни од најавите за спојување на повеќе наставни предмети како Географија, Историја, Хемија, Физика, Биологија, Граѓанско образование, Етика, Информатика и Техничко образование. Ваква појава, според претседателот на Независниот синдикат за образование Томислав Гиевски, може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.

300x250 (7)

„Географот се обучувал да предава географија, историчарот историја…Со ваквите промени просветните работници стануваат универзални, секој да биде соодветен за секој предмет да го предава. Тоа е исто како хирурзите да ги испратиме да гаснат пожар, а пожарникарите да ги испратиме да работат во некоја конфекција. Се погазува професионалноста“, рече Гиевски.

Тие се незадоволни и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование.

Гиевски потенцира дека во секторот образование години наназад не се почитуваат колективните договори.

„Со спојување на предметите во рок од пет години со целосна имплементација во просек ќе се изгуби едно работно место во две училишта. Земам училишта кои во просек имаат четири одделенија со паралелка. Недостасуваат 24 часа по природните и општествените предмети, заедно со укинувањето на предметот иновации. Тоа е клучно“, вели Гиевски.

 

Ss1

Можете да прочитате

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај