Утрински Весник
Македонија

Следува силен ветер (над 60 км/час), многу топло и спарно време!

Meteoalarm.mk 72.png

Метео анализа на Славчо Попоски

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, денес и утре (четврток и петок 21/22 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде претежно сончево, многу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Температурите на воздухот насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе надминат  и 35 степени.


Во Скопје  и околината исто така времето ќе биде претежно сончево, могу топло, мачно и спарно со повремено засилен ветер претежно од југозападен правец кој во делови од котлината повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Температурата во Скопскиот регион исто така ќе надминува 35 степени.

Сепак утре (петок 22 август) локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Да напоменам дека поради изразеното јужно и југозападно воздушно струње од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина  и на песок, со што атмосферата ќе биде заматена.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена”

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот