Утрински Весник
Македонија

Во регистарот на ДКСК евидентирани 1.916 службени возила – ќе добијат црвени таблички до септември 2025

50f4d8ae d64e 4c90 a7c6 bafec8bbf772.jpeg

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и правни лица што располагаат со државен капитал, до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се евидентирани вкупно 1.916 возила.

Институциите биле должни најдоцна до 18 август да достават податоци за бројот, марката, годината на производство, регистарските броеви и возната состојба на возилата со кои располагаат.


Од ДКСК потсетуваат дека доколку правните лица не ги достават податоците во рок, се покренува прекршочна постапка во период од 15 дена. Целта на евиденцијата е јасно да се утврди бројот и состојбата на службените автомобили и да се спречи нивна злоупотреба во изборни кампањи.

Паралелно, Владата донесе одлука сите службени возила до 15 септември 2025 година да добијат специјални црвени регистарски таблички, што треба да овозможи поголема транспарентност и јавна контрола. Дополнително, ќе биде воспоставен и специјален регистар на државните автомобили, преку кој ќе се следи местоположбата и користењето на секое службено возило.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори вратите, супер модерното училиште во Куманово е при крај

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена”

СДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбата