Утрински Весник
Економија

Скопје Север исклучен од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Скопје Север исклучен од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Друштвото Скопје Север АД информираше дека денес се исклучени од системот за пренос на природен гас.

dobivaj vesti na viber

„Согласно договорот со нашиот снабдувач со природен гас Пром-Гас, обезбедените количини треба да се платат авансно за секој месец. Поради енормно високите цени на гас во оваа година и тешката финансиска состојба на друштвото не сме во можност да ги уплатиме предвидените количини за цел месец туку недела за недела. Од овие причини денеска бевме исклучени од системот за пренос на природен гас“, велат од Скопје Север АД.

Оттука во допис до медиумите додаваат дека дека и за природниот гас и за мазутот како алтернативно гориво им била издадена еколошка дозвола од Град Скопје, но од друга страна од секторот за животна средина на Градот вчера, за нив од непознати и необјасниви причини добиле забрана за користење на алтернативното гориво мазут.

„Во вакви околности, со голема разочараност сакаме да Ве известиме дека не сме во состојба да испорачуваме топлинска енергија на нашите корисници“, велат од  Скопје Север АД.

Министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека во законот е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи, мора да се запазат процедурите во државата.

„За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, рече Бектеши.

Министерот додаде дека на топланата Скопје Север ѝ се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка соработка или договор за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но досега нема повратен одговор од раководството.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за ВОА: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Вицегувернерката Митреска: Трендовите се поволни, но Народната банка и натаму е претпазлива во носењето на монетарните одлуки поради присутните ризици