Утрински Весник
Македонија

Македонското МНР ја осуди изјавата на Костадинов, кој рече дека Македонија е втора бугарска држава

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија, искажани јавно и повеќепати од страна на бугарскиот пратеник и лидер на политичката партија Преродба, Костадин Костадинов.

dobivaj vesti na viber

„Фактот што овие изјави се повторуваат, овој пат и во Скопје, и тоа на значаен и за двете страни симболичен повод, отворање нови канцеларии на Културно-информативниот центар, како и во пресрет на бизнис-форумот меѓу Северна Македонија и Бугарија, не можеме, а да не ги толкуваме како обиди за минирање на силните напори на двете влади за унапредување на соработката и како организирана провокација, која треба да биде осудена од сите проевропски политички структури и институции во двете држави“, велат од МНР.

Министерството апелира до граѓаните на двете земји да не им подлегнуваат на ваквите провокации, кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги спречат двете држави во спроведувањето на искрените намери, реафирмирани од двете страни, за продлабочување на односите меѓу нашите држави и народи во духот на европските вредности.

Можете да прочитате

Одрони од камења на патниот правец Берово – Будинарци, сообраќајот на патните правци пo влажни коловози

Променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд

Димитриевски: Ќе работам на обединување на граѓаните, на власта и опозицијата…