Утрински Весник
Култура

„Сите за МКЦ“: Утре протест пред Град Скопје поради смената на директорот и кратењето на буџетот

Дипломиран детектив без искуство во културата ќе биде на чело на МКЦ, велат од Културниот центар
300x250 (7)

Утре во 10:45, движењето #СитеЗаМКЦ ќе направи протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот на оваа важна јавна институција.

dobivaj vesti na viber

Целта на оваа акција, како што велат организаторите на протестот, е да се покаже културата и историјата на МКЦ, односно дека МКЦ не е само уште една државна институција заборавена во времето, туку институција што го следи развојот на уметноста, активно делува и организира настани.

Ss1

„Сметаме дека МКЦ дефинитивно не заслужува буџетот да му биде скратен за 92% и да биде мета на политички игри. Бараме Град Скопје во најбрз можен рок да ја промени оваа одлука. Преку 50 години, МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, културни работници и активна публика. Нема да се откажеме од оваа историска институција и нема да престанеме да се бориме за нејзиното опстојување“, велат од „СитеЗаМКЦ“.

Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Движењето се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22 јануари на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и, како што се наведува, непрописното менување на в.д. директорот. Настанот беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата.

„Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија“, додаваат од „СитеЗаМКЦ“.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“