Утрински Весник
Свет

Силно невреме ја зафати Хрватска, ветрот урна покриви и преврте камиони

Силно невреме ја зафати Хрватска, ветрот урна покриви и преврте камиони

Силно невреме денеска ја погоди Чазма во Хрватска и предизвика огромни материјални штети.

dobivaj vesti na viber

Засега нема информации дали има повредени.

„Големи штети, здробени автомобили, превртени камиони, соборени дрвја. Нема струја во цел град и како што сега стојат работите два дена ќе нема струја бидејќи е урнат 35 киловатниот далновод“, изјави градоначалникот на Чазма, Динко Пирак, кој беше обиколка на градот.

„Се уште немам информации за повредени лица. Низ градот брмчат сирени“, рече Пирак.

И полицијата се уште нема информации дали има загинати во невремето. Со нив контактираат главно граѓани чиј имот е оштетен.

 

Можете да прочитате

Цените на ретките земни метали пораснаа поради новите кинески извозни контроли

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен