Утрински Весник
Македонија

Шутаров: Блокадата во Скопје е на Христијан Мицкоски и неговата совест

Шутаров: Блокадата во Скопје е на Христијан Мицкоски и неговата совест

ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска создадоа хаос во главниот град, смета советникот во Советот на Град Скопје од СДСМ, Горан Шутаров.

dobivaj vesti na viber

„Утрово стотици илјадници граѓани не можеа навреме да стигнат на своите работни места, до здравствените установи, до државните институции, учениците и студентите не може на време да стигнат до училиштата и факултетите. Доцнат и возилата на итната медицинска помош од што зависат здравјето и животите на итните случаи. Мицкоски стои зад овие блокади само заради кавгата со неговата Арсовска. Блокада денеска е блокада на Христијан Мицкоски и неговата совест“, рече Шутаров.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја промовираа Арсовска како идна мајка на градот, за „Модерно Скопје“, а Мицкоски со трубачи ја чекаше Аросовска еуфорично пред белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски од партиска говорница, најавуваше дека за Скопје ќе набавел 100 нови автобуси, па дури ветуваше отворање фабрика за електрични автобуси, рече Шутаров.

„Денес, од тоа нема ништо, а не функционира ниту постоечкиот јавен превоз. По денешниот колапс на сообраќајот, прво што Мицкоски треба да направи е да им се извини на граѓаните. Потоа да ги повика неговите советници од мнозинството и членови на Управниот одбор на ЈСП да преземат мерки за надминување на блокадите. Денеска Скопје е заглавен град, како што Македонија беше заглавена 11 години под ВМРО-ДПМНЕ“, додаде советникот.

Можете да прочитате

Одѕивот на Претседателските избори во Амбасадата во Брисел до 17 часот 39 отсто  

Вкупно 165 болни и немоќни гласаа во Неготино

ВИКЕНДОТ ШТО ДОАЃА ЌЕ ДОНЕСЕ МНОГУ СВЕЖИ УТРА: Температурите ќе бидат потпросечни, а ќе се спуштат и до 3 степени