Утрински Весник
Свет

Партијата на Борисов доби рок од една недела за формирање влада

Партијата на Борисов доби рок од една недела за формирање влада

Претседателот, Румен Радев, му го врачи мандатот за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во Народното собрание, на ГЕРБ-СДС.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Николај Габровски. Заедно со него кај шефот на државата отидоа Томислав Дончев, заменик-претседател на ГЕРБ, и Десислава Атанасова, претседател на парламентарната група на ГЕРБ-СДС.

„Очекувам во рок од седум дена да го објавите составот на кабинетот, а како прва политичка сила вашата одговорност е најголема. Се надевам дека е пронајдена вистинската формула за состав на кабинетот. Ви посакувам успех“, посочи шефот на бугарската држава, предавајќи ја папката со мандатот .

„Бев номиниран од ГЕРБ-СДС за да добијам мандат. Должност и прашање на чест е да вложиме максимални напори за формирање влада, да предложам кабинет што е подалеку од политички разговори и поблиску до експертиза“, посочи Габровски.

Претседателот Радев веќе разговараше за формирање влада со сите парламентарно застапени формации.

Консултациите почнаа на 26 октомври со ГЕРБ-СДС, потоа Румен Радев се сретна со „Продолжуваме со промената“, ДПС, „Вазраждане“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“.

ГЕРБ ќе го предложи составот на владата, изјави пред еден ден лидерот на партијата, Бојко Борисов. Тој најави дека ГЕРБ ќе предложи влада од експерти кои ќе можат да ја стабилизираат Бугарија.

Политичките сили во земјата се скептични дека партијата на Борисов ќе успее да формира влада.

Можете да прочитате

Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот

Путин положи заклетва и ја презеде должноста претседател на Русија во нов мандат

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во државата Рио Гранде до Сул