Утрински Весник
Свет

Штрајк во Холивуд

Штрајк во Холивуд

Синдикатот на американските глумци вчера објави дека официјално ќе стапи во штрајк од полноќ денеска, т.е. 9:00 часот по средноевропско време. Според познавачите, оваа одлука може целосно да го парализира Холивуд и да ѝ нанесе тежок удар на филмската индустрија, каде што продукцијата на филмови и серии веќе е во застој поради штрајкот на сценаристите.

dobivaj vesti na viber

– Националниот совет на САГ-АФТРА гласаше едногласно за штрајк против студијата и дистрибутерите, изјави Данкан Крабтри-Ајрланд, национален претседател на синдикатот што претставува 160.000 глумци и други професионалци на големиот и малиот екран.

Здружението на работодавачи, од друга страна, соопшти дека се „доста разочарани“ бидејќи синдикатот „одлучил да ги прекине преговорите“. Извршниот директор на „Дизни“, Боб Ајгер дури и ги критикуваше „нереалните“ барања за „Си-ен-би-си“.

Можете да прочитате

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина