Утрински Весник
Македонија

Штајнмаер во Собранието: Вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и во иднина

Штајнмаер во Собранието: Вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и во иднина

Германскиот претседател, Штајнмаер, во обраќањето во парламентот за време на денешната посета во Скопје ја реафирмираше германската поддршка за членството на Македонија во ЕУ и порача дека уставните промени со кои Бугарите ќе се вметнат во Уставот се многу повеќе од собирање партиски поени. Не е време да се скршнува од европскиот пат, рече Штајнмаер.

dobivaj vesti na viber

„Кај оваа уставна промена станува збор за многу повеќе од собирање поени во внатреполитичката дебата, станува збор за многу повеќе од партиско-политичко или лично профилирање. Сега не е време да се западне во поедноставени формули и националистички призвуци. Мојата молба е, не губете ја од вид толку долго следената цел, тоа што е стремеж веќе 17 години, пристапувањето кон ЕУ. Сигурен сум за патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор“, рече германскиот претседател.

Штајнамер го поздрави изгласувањето на заклучоците во однос на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и преговарачката рамка со ЕУ.  Рече дека протоколот со Бугарија и потребните уставни измени се теми кои ги засегаат луѓето бидејќи станува збор за прашања од националниот идентитет, за македонската историја, јазикот и културата и сигурно дека е правилно овие дебати да се водат со страст.

„Сметам дека вие самите можете самоуверено да ги водите овие дебати, луѓето на Северна Македонија, вие ја обликувате и одредувате што ја сочинува вашата земја, вие решавате како треба да изгледа македонскиот идентитет денес и како тој треба да изгледа во иднина. Онака како што тоа го правите од пред 30 години, онака како што го формулираше тоа македонскиот писател Блаже Коневски кога кажа и кога напиша: ’јазикот е нашата татковина‘. Се надевам многу дека македонската култура наскоро ќе ја збогати културната различност во ЕУ и овие денови сум тука за да научам уште повеќе за тоа“, порача Штајнмајер.

Додаде дека Германија ја почитува Северна Македонија, а почитта се должи на крајно трнливиот пат кон ЕУ. Вашата земја, рече Штајнмаер, докажа политичка храброст.

„Охридскиот договор од 2001 и Преспанскиот договор со Грција во 2018 покажуваат дека вашата земја го владее она што можеби е најтешка задача во демократијата воопшто: да се водат болни дебати, да се разрешуваат конфликти, да се прифаќаат компромиси и така на тој начин да се решаваат тешки проблеми“, додаде Штајнмаер.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ