Утрински Весник
Спорт

Несогласувања во Србија: Влаховиќ го демантира селекторот

Несогласувања во Србија: Влаховиќ го демантира селекторот
Ss2

Непријатни моменти во фудбалската репрезентација на Србија. По пропуштената шанса за победа против Камерун (3:3), излегоа на виделина несогласувањата меѓу селекторот Драган Стојковиќ Пикси и напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ.

dobivaj vesti na viber

„Влаховиќ и денеска не беше 100% подготвен“, изјави Драган Стојковиќ на крајот од бурното реми со африканскиот тим (3:3).

Ss1

Сепак, напаѓачот тврди дека е подготвен и очекувал да добие шанса за настап на Светското првенство.

„Секогаш подготвен!“, напиша Душан Влаховиќ на Инстаграм, игнорирајќи го протоколот во српската репрезентација да не се објавуваат информации од личните профили за време на Мундијалот.

Дека нешто се случува, потврди и фудбалерот за врска Марко Грујиќ, кој на инсистирање на новинарите требаше да објасни зошто Душан Влаховиќ барем не влезе во финишот на натпреварот против Камерун.

„Не знам дали има проблем со повредата или се работи за нешто друго… Тоа не е прашање за мене!“, изјави Грујиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот

Ѓоковиќ ја започна 422-та недела на првото место на АТП листата