Шпанската цивилна гарда денеска заплени 14 тони хашиш од Мароко и уапси 49 лица осомничени за шверц на оваа дрога, објави Танјуг.
Се претпоставува дека уапсените припаѓаат на најголемата криминална група во Шпанија која се занимава со шверц на хашиш и дека секој месец преку граница пренесуваат и до 20 тони дрога.
Полицијата соопшти дека шверцерите биле вооружени бидејќи не е невообичаено ривалските банди да се обидуваат да запленат шверцуван хашиш.
Во акцијата за апсење, која започна во декември минатата година, учествуваа околу 400 полицајци, јавува агенцијата.
Шверцерите биле добро организирани и поседувале брзи моторни чамци, големи залихи на гориво и храна, се вели во соопштението на тамошната полиција.