Утрински Весник
Свет

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија

Napad Liban 1.jpg

Либанскиот претседател Џозеф Аун ги осуди нападите врз земјата денес, изразувајќи страв од можна инвазија по бомбардирањето на мостот Касмија.

„Овие напади претставуваат опасна ескалација и очигледно кршење на суверенитетот на Либан“, напиша либанскиот претседател на платформата X (X) по израелското бомбардирање на мостот Касмија на реката Литани, во јужниот дел на Либан.


Аун додаде дека ги смета овие напади за вовед во копнена инвазија, за која Либан постојано предупредуваше преку дипломатски канали.

„Овие напади одразуваат сериозен пресврт кон систематско уништување на инфраструктурата, цивилните згради и станбените области во либанските села, што претставува политика на колективно казнување на цивилите“, додаде Аун, кој го осуди кршењето на меѓународното хуманитарно право.

Либан е цел на израелски напади од 2 март. Израел тврди дека напаѓа упоришта на движењето Хезболах, поддржано од Иран.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела