Утрински Весник
Свет

Шојгу: Украинската контраофанзива е целосно неуспешна

Шојгу: Украинската контраофанзива е целосно неуспешна

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја оцени украинската контраофанзива како целосен неуспех, но рече дека ситуацијата е тензична во делот на јужниот регион Запорожје, кој е под контрола на Русија.

dobivaj vesti na viber

„Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, Министерството за одбрана го цитира Шојгу.

„Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје. Непријателот ангажира бригади од својот стратешки резерват, чиј персонал беше обучен од западни инструктори“, рече тој.

Преземајќи ја контролата врз делови од Украина, Русија воспостави копнен мост кон Крим, полуостровот на Црното Море, што го анектира во 2014 година.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз