Утрински Весник
Свет

(Видео) „Првпат во борба уништен британскиот Челинџер 2“, се појави снимка

(Видео) „Првпат во борба уништен британскиот Челинџер 2“, се појави снимка

На социјалните мрежи кружи видео, кое наводно го прикажува уништувањето на британскиот „Челинџер 2“ во Украина, што би било првпат еден од тие тенкови да биде уништен во борба.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Гардијан“, видеото е направено од автомобил што се обидува да избега од битката, а на снимката се гледа како „Челинџер 2“ е обвиен во густ сив чад. Од видеото не е јасно како дошло до уништувањето.

Иако аналитичарите потврдија дека се работи за британски тенк, не е јасно кога и каде точно е направена снимката, иако гласовите што се слушаат зборуваат на украински.

Ниту еден „Челинџер 2“ не е изгубен во борба откако првпат беше распореден во 1994 година, иако еден од нив беше уништен во пријателски оган во Ирак во 2003 година, пишува „Гардијан“.

Велика Британија ѝ даде 14 тенка на Украина на почетокот на оваа година, но до сега не се знаеше дали тие се користени во борбите на првата линија.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот