Утрински Весник
Балкан

Шмит најави интервенција во Изборниот законик на БиХ доколку партиите не се договарат

20240326121259 Big 730x400 37.webp.webp
300x250 (7)

Високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит потврди дека ќе воведе измени на Изборниот законик на Босна и Херцеговина доколку за тоа нема договор меѓу политичките партии во земјата и дека нема намера уште долго да чека.

Во денешното интервју за сараевскиот „Дневни аваз“, Шмит потсети како уште во декември минатата година побарал договор за технички измени на Изборниот законик, а оттогаш ништо не се случило.

300x250 (7)

Тој потсети како политичарите во Босна и Херцеговина го прекршија ветувањето што му го дадоа на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел уште во јуни 2022 година, дека на граѓаните ќе им обезбедат фер и праведни избори.

„Договорот не е постигнат, а времето им истекува. Граѓаните сакаат да видат да им се брои гласот, а доколку нема договор ќе преземеме мерки“, рече Шмит потврдувајќи дека е подготвен да користи т. н. бонски овластувања кои му даваат можност да наметнува закони и да разрешува избрани функционери.

Ss1

Можете да прочитате

Самарас: Извештајот на Бакојани за Косово не ја претставува Грција

Видеото стана хит: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“