Утрински Весник
Македонија

Шилегов: На предлог на пратеничката група на СДСМ се донесоа законските измени со кои  возачките дозволи ќе важат до крајот на годината

„Сите треба да знаеме дека овие случувања се извесни 5 години односно толку време нананазад. Требаше да се излезе поорганизирано и  да не се чека последниот рок, но и покрај сите притисоци издадени се над 1.250.000 патни исправи согласно соопштението од МВР. Сметам дека придонесуваат паника и нервоза лаконските ветувања на новата структура на МВР дел од техничката влада дека проблемот брзо ќе се реши како и  изјавите дека нема да бидат казнувани граѓаните, па потоа дека ќе бидат. Денеска на предлог на пратениците од СДСМ се донесоа по скратена постапка измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се овозможува возачките дозволи да важат до крајот на годината,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Тој посочи дека изгубени се 2,5 години за измени на законски решенија за промена на патните исправи, поради собраниската блокада од опозицијата, како и дека ако не беше така, проблемот немаше да биде со ваков интензитет.

„Треба да  имаме сериозна одговорност кога јавно даваме изјави особено за брзи решенија. Ме плаши леснотијата со која се даваат ветувања за процеси кои се сериозни,“ рече Шилегов.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ уплашени заради рејтингот и високата доверба на граѓаните за Пендаровски, сметаат од СДСМ

Откупот на тутунот заврши со неполни 15 000 тони, неопходни се законски измени

Таравари радо би се видел со Зијадин Села, ама по изборите