Утрински Весник
Спорт

„Шансите Меси да се врати во Барселона се 50/50“

„Шансите Меси да се врати во Барселона се 50/50“

Кумашинот и најдобриот пријател на Лионел Меси, пензионираниот Серхио Кун Агуеро, ги подгреа шпекулациите дека Меси би моле да се врати во Барселона.

dobivaj vesti na viber

Лионел Меси ги одработува последните месеци од договорот со Барселона кој го потпиша пред две години. Како сега стојат работите тој нема да остане во Париз. ПСЖ има намера да направи целосна реконструкција на тимот, а ниту на Меси не му се останува во Париз.

Во ниу еден момент не оствари добар однос со навивачите, кои минатиот викенд го дочекаа и го испрати со свирежи, по поразот од Рен.

Меси има неколку одлични понуди од Саудиска Арабија и од Америка, но делува дека тој го чека повикот од Барселона.

„Верувам дека Лео Меси сака да се пензионира во Барселона бидејќи тоа е негов дом и таму треба да ја заврши кариерата. Мислам дека Лапорта треба да се обиде да го врати назад. Ако Лапорта го направи првиот чекор, враќањето на Меси ќе биде поблиску. Моментално шансите се 50/50“, изјави Агуеро.

Барселона се уште е во тешка финансиска ситуација и прашање е како може да најде пари за ја финансира астрономската плата која ја има Меси. Во ПСЖ заработува речиси 40 милиони евра по сезона.

Но, многу поголемо прашање е дали клубот јавно ќе му се извини за да ја исправи неправдата направена пред две години. Меси чека такво нешто за да може и да зборуваат за соработка.

Првите чекори беа направени неодамна кога Лапорта се сретна со таткото на Меси, Хорхе. Многу потешка задача за Лапорта ќе биде доколку дојде до директна средба со Лео, кој неодамна на доделувањето на ФИФА наградите одби да се слика со првиот човек на Барселона.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка